Гази Баба се приклучи на кампањата против насилството врз жените
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 11.12.2021 година (сабота) беше покровител на трибина која се оддржа во просториите на општина Гази Баба на тема "16 дена активизам против родовото базирано насилство".
На трибината се обрати градоначалникот Бобан Стефковски кој истакна:
"Општина Гази Баба и јас како нејзин градоначалник сме целосно отворени за поддршка и заштита на секоја една жена, жртва на семејно насилство. Недозволиво е во 21 век, во ерата на технологијата и напредокот на светот, било што во општеството да се решава по пат на насилство, а особено не насилство вршено од страна на маж кон жена" - заклучи Стефковски.
На трибината, покрај градоначалникот Стефковски говореа и пратеничката во Собранието Жаклина Пешевска, претседателката на Здружението на граѓани за заштита на жртви од семејно насилство Кризен центар Надеж Маја Ацевска и претседателката на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска.
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
