Гатилов: Новите мировни преговори за Сирија ќе се оддржат кон средината на јануари

Рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов денеска изјави дека очекува новите мировни преговори за Сирија, што се поддржани од Москва, Анкара и Техеран, да се оддржат кон средината на јануари, јавија руските медиуми.
Гатилов рече дека главна тема на разговорите ќе биде да се види што е неопходно да се стори за да се воспостави прекин на огнот на целата територија на Сирија.
Министрите за надворешни работи и одбрана на Русија, Иран и Турција во вторникот во Москва разговараа за Сирија и потоа објавија дека се подготвени да работат на постигнување мировен договор.
Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура најави дека планира на 8 февруари во Женева да организира одвоени мировни преговори.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека следната фаза кон завршување на судирот во Сирија е обезбедување на прекинот на огнот на цела територија на земјата. Во таа прилика Путин најави дека преговорите ќе се оддржат во Астана, главниот град на Казахстан.
Ново на Сител
-

Ревизија открива: Нема доволно инспектори за надзор во градежништвото
-

Здравствени работници “трпат” насилство во болници и клиники и не пријавуваат
-

Претседателот на Уставен итно да поднесе оставка – албанските партии со жестоки реакции
-

По скоро две децении запуштеност, започна реконструкцијата на салата при УКИМ
-

Крива Паланка и Ќустендил иницираат збратимување и засилено партнерство
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
