Македонија
22. јуни 2026 - 16:29

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија

Собранискиот спикер Африм Гаши утре патува во Софија на средба со неговата колешка Михаела Доцова. Билатералната средба која ја иницирала бугарската страна следува по неодамнешната средба на двете претседателки Силјановска и Јотова. Гаши вели дека е оптимист за средбата, но повтори дека државниот став за уставните измени на кои притиска Бугарија е јасен, а тоа ќе и го пренесе и на бугарската колешка. 

„Ќе разговараме во делот на собраниската соработка. Нашите позиции се тие кои јавноста ги знае и моите лични и на Собранието, и на државата. Треба да разговараме, да одиме напред и да најдеме начин како да бидеме заедно во ЕУ. Иднината треба да не спојува, а не минатото. Одам со позитивна мисла и сакам да учествувам во подобрување на односите меѓу нашите две држави“, порача Гаши на неделниот брифинг со новинари.

Македонија не отстапува од ставот дека Бугарија мора да ги почитува пресудите на судот во Стразбур за македонскто малцинство. Претседателката Силјановска и денеска во пресрет на средбата, од Скопје порача дека пресудите на Судот можат и мораат да важат за сите земји членки. 

Во Софија пак нов обид да се фрли дамка врз Македонија. Како што пренесуваат тамошните медиуми пратеничката од ГЕРБ Деница Сачева, испратила писмо до претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа обвинувајќи дека се случуваат серија напади врз бугарски институциии граѓани во Македонија. Сачева бара Советот сериозно да занимава со ова прашање обвинувајќи дека постои трајна и загрижувачка тенденција на непријателство кон Бугарија. 

Пред две недели Силјановска и Јотова за прват како шефови на држави ги судрија позициите и очекувањата за интеграциите. Македонската претседателка тогаш потврди дека на состанокот станало јасно дека уставните измени не се единствениот бугарски ултиматум. Од кабинетот на Јотова по средбата со македонската делегација порачаа дека Македонија мора да го исполни „Францускиот предлог“ од 2022 година, на кој сме се обврзале, а станал европски став.