Гаши: Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори. Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период.
Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.
- Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР, рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев на 14 април кога информираше дека ја поднесуваат интерпелацијата.
Ново на Сител
-
Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
-
Лалана ја заврши кариерата
-
Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА
-
Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“
-
Фон дер Лајен ги повика унгарските власти да ја повлечат забраната за Парадата на гордоста
-
Руте: Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е посветен на борбата на Украина против Русија
-
САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година
-
Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма