-->
-->
Гарсија: Игравме против „Вонземјани“!!!
-->

Тренерот на Рома, Руди Гарсија, смета дека било невозможно неговиот тим да одигра добро во Барселона. Рома, во петтото коло во Лигата на шампионите, загуби на „Ноу Камп“ со 6:1. И покрај убедливиот пораз Рома ги задржа шансите за пласман во осминафиналето, за кое во последното коло ќе и треба победа над БАТЕ Борисов.
„Тие се феноменални и непобедливи. Ни беше потребно чудо кое не се случи. Во овој момент е невозможно да се игра против нив. Постигна неколку феноменални голови, погледнете го само третиот гол на Суарез. Никој не може да го сопре“, рекол Гарсија.
Сепак францускиот стратег не е загрижен поради дебаклот, бидејќи неговиот тим судбината за пласман во осминафиналето ја држи во свои раце.
„Никој не сака да губи, но Барселона е многу посилен тим. Да постигневме први гол, а имавме шанса, можеби ќе бевме поизрамнети. Пробавме се, да ги притиснеме веднаш, а видовте дека и кога игравме со сите фудбалери позади дека примивме два гола. Нема што да им замерам на моите играчи. Овде едноставно беше невозможно да се победи“, дополнил Гарсија.
Во последното коло во Е групата, Рома ќе го пречека БАТЕ Борисов, а Барселона ќе гостува во Леверкузен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
