Македонија
9. July 2015 - 16:56

Гаражите на Гуштеров се трет голем скандал на Андреј Жерновски

Жерновслки од една страна прати булдужери за да рушат, а од друга страна организираше луѓе да протестираат против булдужерите и згора на тоа и сам отиде да дава изјава против уривањето. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со реакција за најновиот мегаскандал во кој е вмешан градоначалникот на Центар.

- Последната афера со гаражите на Ристо Гуштеров беше дното кое го допре Андреј Жерновски. Тој се обидува на секаков можен начин да направи политичка конструкција од приватен спор помеѓу два приватни субјекти и во таа конструкција да ја вмеша Владата на Република Македонија, - вели Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Дека објектот му го руши Жерновски а не Владата, вчера во изјава за Сител потврди и засегнатиот Ристо Гуштеров.

И советниците на ВМРО-ДПМНЕ категорични дека по закон одговорноста ја има инспекциската служба во Центар, според нив, ова е обид на Жерновски и Гуштеров да го одолвлечат рушењето на дивоградбите, и истовремено да прават манипулација.

- Очигледно е дека Гуштеров фатил некоја врска кај Жерновски и центарскиот градоначалник долго време не го извршувал актот, односно не извршил рушење на објектите кои се дивоградби. Јасно е дека Жерноски смислува план со кој ќе ја обвини Владата за наводен притисок кон Гуштеров. - додава Лазаров.

По скандалот со боемската улица каде за 100 квадратни метри плочки Жерновски потроши пола милион Евра, и скандалот со бензинската на местото на пазарчето буњаковец ова е трет голем скандал во кој се наоѓа Жерновски.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа да престане со манипулациите и да се фати за работа. А граѓаните кои протестираат против уривањето на гаражите ги упатија пред просториите на Општина Центар, кој е одговорен за случајот.