Џет-Сет
16. February 2017 - 10:31

Ганс-ен-Роузес исвиркани во Австралија

Американскиот рок бенд Ганс-ен-Роузес, кои се наоѓаат на турнеја во Австралија, беше исвиркан од своите 70.000 фанови во Мелбурн, откако прво задоцнија на концертот, а потоа направија и гаф.

Имено, техничарот за гитари Мекбоб, кој воедно е и долги години најавувач на групата, преку разглас ги поздрави мелбурнчаните со „Поздрав Сиднеј“.

- По 30 години нашиот најавувач Мекбоб направи грешка. Навистина ни е жал - се извинија од бендот.

Сепак, Ганс-ен-Роузес се искупија и направија спектакл за паметење.