Свет
11. November 2016 - 9:07

Гамбиски борач се удави во Средоземно Море во обид да дојде до Европа

Гамбиски борач се удавил во водите на Средоземно Море, кога се превртел пловилото со кое се обидел да стигне во Италија, информираа француските медиуми.

Дваесет и двегодишниот Али Мбенгу загинал на 4 ноември, една недела откако под истите околности се удави фудбалерката на гамбискиот национален тип (девојки до 17-годишна возраст).

Неговиот тренер за француските медиуми изјави дека Мбенгу уште во 2014 година заминал за Либија за да си ја проба среќата, слично на многу други Африканци, во обид да допловат до Европа.