Галант до Блинкен: Израел ќе го победи Хамас без разлика колку време ќе му биде потребно
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на денешната средба во Тел Авив му соопшти на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека на Израел ќе победи во војната во Газа против Хамас без разлика на тоа колку време ќе му биде потребно, пренесе „Тајмс оф Израел“.
-Ќе се бориме со Хамас додека не победиме – без разлика колку време ќе е потребно, изјави тој, истовремено благодарејќи им на Блинкен и на американскиот претседател Џо Бајден за нивната поддршка.
„Ќе ја продолжиме оваа војна додека не победиме, не ја победиме организацијата Хамас, не ја лишиме од нејзините управувачки и воени способности и не ги вратиме сите заложници“, додаде Галант, пренесен од израелскиот портал.
Телото ќе се исчисти за 2 дена и од вас наутро ќе излетаат куп паразити!
Sponsored by MonadPlug
-Знаеме дека во однос на целите на операцијата, ние сме обединети со САД и навистина го цениме тоа, рече израелскиот министер за одбрана.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот