Габореј Сидибе призна дека страдала од булимија и депресија
Пред да стекне светска слава, Габореј Сидибе се борела со булимија, а поради депресијата причинета од оваа болест, таа била на чекор до смртта, пред една понуда за улога да и го промени животот.
Во книгата „Ова е само моето лице - немојте да се џарите", Габореј вели дека постојано се терала себеси да повраќа и дека единстввено тогаш не се чувствувала лошо.
- Не можев да престанам да плачам, мразев се на себеси. Единствено кога повраќав, бев мирна. Не сфаќав зошто не можам да бидам среќна како и сите околу мене, раскажува Габореј.
- За среќа, најдов добра психијатарка, која ми предложи да почнам да се занимавам со телемаркетинг, а јас одлучив дека би било најдобро да се вработам на „хотлајн", објаснува таа за периодот кога имала 21 година.
Тоггаш и се случило нешто што засекоггаш и го промени животот и ја лансираше во ѕвездите - доби улога во филмот „Прешс" во 2009 година, за која освои и номинација за Оскар.
Ново на Сител
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата