Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише
Лидерите на земјите-членки на Групата седум најразвиени држави (Г7) постигнаа согласност за заедничката нацрт изјава за конфликтот помеѓу Израел и Иран, но таа сè уште не е одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп.
Според американската телевизија „Си-бе-ес њуз“ (CBS News), Трамп нема да ја потпише заедничката изјава на Г7.
Според нацрт-изјавата, Г7 повикува на деескалација на конфликтот, но нагласува дека Израел има право на самоодбрана. Исто така, се потенцира дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје. Нацрт-документот повикува на заштита на цивилите од двете страни, бара промоција на мирот, но и континуирано следење на иранските активности.
Денешната средба на лидерите на Г7 во Канада е во сенка на тензиите на Блиски Исток и загриженоста за потезите на Трамп.
Ново на Сител
-
За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места
-
Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна рекција, поведена е истрага
-
Полицијата ќе врши вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето во Охрид
-
Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск
-
Состанокот на Г7 во Кананаскис, заврши со мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина
-
Евакуирана првата група македонски државјани од Израел
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната
-
Руте: НАТО ја исполни својата 11-годишна цел за трошоци за одбрана