Г. Петар: Има надворешно сценарио за промена на името – и на државата и на црквата

Мислам дека во врска со црквата и со државата и со името има едно влијание, едно сценарио кое е поголемо и е на меѓународен план, изјави во „Око“ на Телевизија Нова митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.
„Тој притисок е очигледен и во општеството, а подеднакво се врши влијанието и за промена на името, и на државата и на црквата, на нашиот јазик и на сѐ што е белег на македонската нација и општество Она што во последните две и пол години ѝ се случува на државата е предавство, на нашите национални белези. Тука се јазикот, културата, грбот на нашата држава, химната. Сето тоа е загрозено со постапките што се направени во овие последни години, вели владиката Петар во емисијата „Око“ на ТВ Нова.
„Во старомакедонскиот или старословенскиот, како сакате, зборот јазик се поистоветува со зборот народ. Тој е битен елемент на една нација. Знаеме дека најдобар начин за една држава, да се изразуваат луѓето е да има еден заеднички јазик кој ќе биде обединувачки. Во конкретниов случај во оваа држава обединувачки јазик ни е македонскиот“, изјави г. Петар.
„Ако немате обединувачки јазик, државата се раслојува. Тогаш зошто да има двојазичност, нека има 40-јазичност колку што има нации, народи или народности“, додаде владиката Петар.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
