Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата - избрани осум нови министри
-

Николоски и Рокас присуствуваа на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција

