Фудбалски клубови „пералници“ на пари од дрога?!

Тирсо Мартинез, еден од сведоците на судењето против мафијашкиот крал Чапо Гузман, открил дека во мексиканскиот фудбал се вбризгани милиони долари заработени од продажба на дрога.
Мартинез, познат по прекерот Фудбалер, бил еден од дистрибутерите на кокаин за картелот Синалоа во САД. Тој бил уапсен од мексиканските власти во февруари 2014 година, а една година потоа бил екстрадиран во САД.
За делата за кои му се суди, законот во САД предвидува затворска казна од 10 години до доживотен затвор.
Како сведок во процесот против Чапо Гузман, рекол дека за сума од околу 700.000 долари го купи второлигашкиот клуб Венадос де Јукатан, а потоа платил 2,2 милиони долари и третолигашот Ребосерос де ла Пиедад. Потоа вбризгувал милионски суми во овие клубови.
Исто така тој бил сопственик на познатите професионални клубови Куеретаро, Селаја и Ирапуато.
Фудбалскиот сојуз на Мексико, дознале во 2006 година дека Мартинез е осомничен за трговија со наркотици, поради што морале да го „притиснат“ и тој го продал клубот Ребосерос де ла Пиедад за 10 милиони долари.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
