Фудбалерите на ПСЖ најплатени во Франција
Актуелниот шампион ПСЖ со години доминира во францускиот фудбал во секој поглед, а за тоа говорат и последните податоци според кои меѓу десетте најдобро платени играчи од Лига 1 сите се од редовите на клубот од Париз.
Убедливо најплатен фудбалер во француската Лига 1 е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, со месечен приход од шест милиони евра.
Втор на листата е неговиот соиграч Усман Дембеле со месечни примања од 1,12 милиони евра, додека Бразилецот Маркињос и Французинот Лукас Ернандез месечно заработуваат по 1,11 милиони евра.
Со заработка над границата од еден милион евра месечно е и Словакот Милан Шкриниар.
Најплатен играч во Лига 1, без дресот на ПСЖ, е напаѓачот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг, чија месечна плата изнесува 650.000 евра, додека меѓу првите петнаесет има уште само еден играч кој не е член на ПСЖ – Висам Бен Једер од Монако со месечна плата од 645.000 евра.
Ново на Сител
-
„Гринпис – Бугарија“ пријави над 170 нафтени дамки во бугарските води на Црното Море
-
Институт за проучување на војната: Кремљ не се обврзал јавно за средба меѓу Путин и Зеленски
-
Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт
-
До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи
-
ЦУК: Три регистрирани пожари на отворено, еден активен
-
Приведени возачи во Гостивар, Штип и Ресен, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволеното
-
Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите
-
На ГП „Табановце“ приведен 36-годишник од Романија, пронајдена е дрога