-->
-->
Фудбал У21: Македонија - Исланд без голови
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска во Скопје одигра нерешено без постигнат гол, 0:0 со лидерот на квалификациската група 3 за ЕУРО 2017, соодветната селекција на Исланд.
За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова беше второ реми во петтиот дуел по што останаа на третата позиција на табелата.
Двете екипи одиграа борбено, имаа и по неколку шанси за погодок, но на крајот мрежите мируваа.
Следниот настап македонските фудбалери ќе го имаат на 28 март на гости против Франција, репрезентација која вечер од 21 часот ја пречекува Шкотска.
Табела:
1.Исланд 12 бодови (6 натпревари)
2. Франција 10 (5),
3.Македонија 8 (5)
4. Шкотска 5 (4)
5. Украина 4 (5)
6. Северна Ирска 1 (5).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена