-->
-->
ФСБ: Убиен првиот човек на ИД на северен Кавказ
-->

Лидерот на екстремистите во Дагестан кој се заколна на весност на ИД и кој е поврзан со нападите во Волгоград, е убиен, соопшти синоќа руската Федерална служба за безбедност.
– Рустан Магомедович Аселдеров (Абу Мухамед) роден во 1981 година, лидер на т.н. кавкаски вилает на терористичката ИД, е еден од петтемина екстремисти кои се елиминирани, наведува ФСБ во соопштение.
Според руски медиуми, лидерот на ИД Абу Бакир ал Багдади го именувал за „емир“ на Дагестан.
Терористичката група е ликвидирана во близина на градот Макачкала, главен град на руската република Дагестан. Антритерористичката операција била покрената на 26 ноември во три области на руската севернокавкаска република Дагестан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
