Фриман го обвинуваат за непристојно однесување и злоставување
Познатиот актер Морган Фримен (80) осум жени го обвинуваат за несоодветно однесување и сексуално злоупотребување, јавува Си-Ен-Ен.
Обвинувањата се појавија денеска кога неименувана жена и кажала на телевизијата Си-Ен-Ен дека таа била злоупотребена од актерот во 2015 година кога работела како асистент на продукција за снимањето на комедијата „Going in Style", во која, покрај Фримен, глумат Мајкл Кејн и Алан Аркин.
Жена тврди дека Фриман чест несоодветно ја допирал и дневно коментирал за нејзиното тело и облека.
Фримен во еден момент, вели таа, се обидел да и го подигне здолништето и испитувал дали носи долна облека. Жената напоменува дека Аркин му рекол на колегата да престане до тоа.
Телевизијата Си-Ен-Ен наведува дека разговарала со 16 луѓе за однесувањето на Фриман, од кои осум тврдат дека биле негови жртви.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти