-->
-->
Фратези официјално во Интер
-->

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на европскиот вицешампион Интер, објави клубот од Милано.
Фратези доаѓа во Милано како позајмен фудбалер од Сасуоло. Двете страни се договорија Интер по завршување на сезоната 2023/24 да го откупи неговиот договор со Сасуоло и да потпише петгодишна соработка со 23-годишниот фудбалер за врска.
Италијанските медиуми пренесоа дека Фратези ќе заработува 2,8 милиони евра по сезона.
Фратези одигра 72 натпревари за Сасуоло, а досега осум пати го носеше и италијанскиот дрес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
