Француско истражување покажува дека вакцините се 90 проценти ефикасни против тешки форми на Ковид-19
Вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓе постари од 50 години, и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата коронавирус, покажуваат резултатите од нова француска студија.
„Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од Ковид-19 отколку невакцинираните луѓе“, изјави за АФП епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре, пренесува Бета.
Истражувачите ги споредија податоците за 11 милиони вакцинирани лица постари од 50 години со податоците за 11 милиони невакцинирани лица во иста возрасна група, од 27 декември 2020 година до 20 јули 2021 година.
Ова се однесува на вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и АстраЗенека, кои се користат во Франција од почетокот на периодот на кој се однесува истражувањето.
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите