Францускиот претседател Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан, при што го замолил да стави крај на нападите врз земјите во регионот и упатил повик Иран да започне искрени преговори, пренесуваат светските медиуми.
„Повторно ја истакнав апсолутната неопходност да се стави крај на овие неприфатливи напади врз земјите во регионот, да се зачува енергетската и цивилната инфраструктура и да се обнови слободата на пловидба во Ормускиот теснец“, напиша Макрон на социјалната платформа „Икс“.
„Го повикав Иран да се ангажира во искрени преговори за да се отвори патот кон деескалација и да се обезбеди рамка што ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница во однос на нуклеарната и балистичката програма на Иран и неговите активности за дестабилизација на регионот“, додава францускиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма
-

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
-

Зеленски: Безбедносните гаранции се клучни за завршување на војната
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
