Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи

Францускиот премиер Себастијан Лекорну вети дека денеска ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и други поранешни високи функционери во Франција, објави БФМ ТВ.
Поранешните премиери и министри за внатрешни работи ќе бидат лишени од вкупно 24 автомобили со шофер и 24 обезбедувачи што ги имале доживотно. Секој поранешен премиер и министер за внатрешни работи беше писмено известен од Лекорну непосредно пред почетокот на новата година за промената.
Мерката има за цел заштеда на пари. Франција се бори со националниот долг и буџетскиот дефицит и влезе во новата година без нов буџет.
Поранешните премиери и министри за внатрешни работи сега ќе имаат само полициска заштита и тоа за ограничен временски период. Овој период може да се продолжи во зависност од реалната опасност за нив, објасни Лекорну.
Од почетокот на претседателствувањето на Емануел Макрон, Франција смени неколку премиери. За време на неговиот прв мандат, Едуар Филип и Жан Кастекс беа премиери. За време на неговиот втор мандат, позициите ги држеа Елизабет Борн, Габриел Атал, Мишел Барние и Франсоа Бајру, пред Себастијан Лекорну да биде назначен за премиер на есен минатата година.
Филип и Бајру имаат амбиции да се кандидираат за претседател на изборите во 2027 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
