Францускиот министер за труд ќе поднесе оставка за да се врати во градоначалничката функција

Францускиот министер за труд Франсоа Ребсамен се враќа во градоначлничката фотелја во Дижон, предвидувајќи да поднесе оставка од владата на Мануел Валс на 19 август, јавува дописникот на МИА од Париз.
Оставката ќе биде поднесена по миистерскиот совет. Ребсамен претходно беше градоначалник на Дижон во периодот од 2001 до 2014 година, кога влезе во француската влада.
Враќањето на градоначлничката функција доаѓа откако неговиот прв помошник и вршител на функцијата градоначланик Алан Мијо почина на 27 јули на возраст од 63 години.
Франсоа Ребсамен самиот го примение правилото кое не дозволува кумулирање мандати, повелба која ја потпишуваат членовите на владата.
Ребсамен не предвидуваше да поднесе оставка и си заминува од оваа функција со убедување дека „придонесе за воведување извесен број на мерки за олеснување на работата на претптијатијата, без притоа да ги намали правата на работниците.
Дижон-престолнината на Бургундија, е град кој веќе неколку децении одржува пријателски односи со македонската престолнина Скопје.
Ново на Сител
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
