Францускиот министер за надворешни работи во Багдад на разговори за обнова на Ирак

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска пристигна во Багдад каде со ирачките функционери ќе разговара за обновата и стабилизацијата на земјата по воената победа над групата Исламска држава (ИД).
- Дојдов за да ја покажам поддршката на Франција, изјави Ле Дриан при пристигнувањето и вети дека неговата земја ќе биде секогаш подготвена да помогне, како со учеството во меѓународната коалиција, така и за време на обновата на земјата.
Планирано е за време на сегашната посета тој да разговара со премиерот Хајдер ал Абад, претседателот Фуад Масум и претседателот на Парламентот Салим ал Џабури.
- Се надеваме дека француското искуство ќе биде корисно за обновата, одговори ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џаафари.
Денеска во Кувајт почнува тридневна конференција за обнова на Ирак.
Ле Дриан беше во посета на Багдад во август минатата година.
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
