Свет
17. September 2016 - 16:07

Францускиот министер за надворешни работи побара да се објави договорот за Сирија

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро  во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров ја поддржа позицијата на Русија, која бара да се објави договорот меѓу Русија и САД за примирјето во Сирија, јави ТАСС.

Разговорот се одржал по иницијатива на француската страна.

„Министрите за надворешни работи на Русија и Франција разговараа за решавањето на конфликтот во Сирија. Еро го поздрави договорот меѓу Русија и САД од 9 септември оваа година и ја поддржа руската позиција за објавување на релевантните документи", соопштија претставници на руското Министерство за надворешни работи.