Франција,САД и Британија со нова нацрт резолуција за Сирија

Франција, САД и Велика Британија претставија на 12 партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт резолуција за Сирија во која е вклучено формирање нов механзиам за истраги за употреба на хемиско оружје, јави АФП повикувајќи се на дипломатски извори.
Преговорите за текстот, редактиран од Франција почнуваат утре. Датум за гласање не е наведен со цел „Париз да даде време за вистински преговори“, наведува изворот.
За првпат во СБ на ОН се предлага текст во кој се обединети три аспекти на проблемот – политички, хуманитарен и хемиски. Целта не е да се промени управувањето со државата туку да се покаже дека западната воена интервенција во Сирија „и служи на политичката стратегија“, нагласува дипломатот.
Нацрт резолуцијата е доставена по помалку од 24 часа по ракетните напади.
Во текстот се осудува секој случај на употреба на хемиско оружје во Сирија и се предлага формирање „независен механизам за истраги и посочување виновници врз основа на непристрасност и професионализам“.
Од Сирија се бара целосна соработка со Органзиацијата за забрана на хемиско оружје.
За хуманитарна помош со нацрт резолуцијата се бара „траен прекин на огнот“.
Во политичкиот аспект се бара сириските власти да се вклучат во меѓусириски преговори конструктивно и без какви било условувања.
Од генералниот секретар на ОН се бара исполнување на нацрт резолуцијата во рок од 15 денови по прифаќањето.
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
