Франција воведува специјални розови регистарски таблички

Почнувајќи од следната година, во Франција се воведуваат розови регистарски таблички. Тие ќе ги заменат табличките што се користат за нови и увезени возила, коишто се бели, исто како и стандардните таблички, а целта е со тоа да се спречат измами и злоупотреби.
Секоја година во Франција, меѓу 350.000 и 450.000 возила се опремени со привремени регистарски таблички, и тие важат максимум четири месеци. Сепак, некои возачи продолжуваат да возат со истечени таблички. Владата вели дека измамата со регистарски таблички е растечки проблем. За борба против таквите случаи, Франција ја воведува новата мерка почнувајќи од првиот квартал од 2026 година. Розовите таблички, се вели, се видливи и уочливи во сообраќајот, што ѝ олеснува на полицијата и царината да ги проверуваат возилата со привремена регистрација.
Ниту една друга земја засега не ја користи розовата боја за регистарски таблички.
Покрај сѐ друго, и датумот на истекување (месец и година) ќе биде отпечатен на плочката, така што полицајците и камерите за брзина ќе можат многу побрзо да увидат дека возилото е или сè уште не е проверено и регулирано за возење.
MИА
Ново на Сител
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
