-->
-->
Франција со закон забрани фудбал на 5 мај
-->
Францускиот парламент го ратификува законот со кој се забранува одигрување професионални фудбалски натпревари во Франција на 5 мај во спомен на жртвите во катастрофата на стадионот „Фуриани“ на Корзика во 1992 година.
На тој ден пред 29 години една од трибините на стадионот во градот Бастија се урна пред полуфиналниот натпревар меѓу домашниот тим и Олимпик Марсеј во рамки на полуфиналето на националниот куп.
Во несреќата загинаа 18 луѓе, а повеќе 2.300 беа повредени.
Раководствата на Француската лига и на Францускиот фудбалски сојуз изразија негодување со забраната, која лани беше изгласана во Народното собрание, а официјално стапи на сила откако денеска беше ратификувана во Сенатот.
Законот се однесува на забрана за одигрување фудбалски натпревари во рамки на Лига 1, Лига 2, Купот на Франција и Лигата на шампиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива