-->
-->
Франција се „извлече“ во Скопје
-->
Репрезентациите на Македонија и на Франција до 21 година попладнево освоија по еден бод откако дуелот што се играше на комплексот терени на ФФМ „Петар Милошевски“ заврши без победник 2:2. Ова беше дуел на селекции кои се во горниот дел на табелата во групата 3 од квалификациите за ЕУРО 2017.
Општа оценка е дека „триколорите“ се извлекоа во Скопје бидејќи Македонија по првиот дел водеше со 2:0 со головите на Виктор Ангелов 19. минута и на Марјан Радески 40.минута. Франција од 59 минута играше со десет играчи откако по вториот жолт картон беше исклучен Спарања.
Франција со головите на Себастиен Халер 65.минута и на Кевин Енкуду 72.минута стигна до изедначување и до еден бод.
ТАБЕЛА:
1 ИСЛАНД 11 (5)
2 ФРАНЦИЈА 10 (5)
3 МАКЕДОНИЈА 7 (4)
4 ШКОТСКА 5 (4)
5 СЕВЕРНА ИРСКА 1 (4)
6 УКРАИНА 1 (4)
Македонија следниот натпревар го игра на домашен терен со Исланд на 24.март 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
