Франција, САД и ОН го осудија нападот во Бејрут

Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази вознемиреност од нападот во Бејрут во кој загинаа најмалку 43 лица, а за кој одговорност презеде „Исламска држава“.
- Французите ја споделуваат националната жалост на Либанците. Франција отсекогаш е ангажирана за мирот, единството и стабилноста на Либан, се наведува во изјавата.
- Вакви терористички напади само го засилуваат ангажманот да ги поддржиме институциите на Либан, вклучувајќи ги неговите служби за безбедност, за да стане можен еден стабилен, сигурен и суверен Либан. САД најостро ги осудуваат ужасните терористички напади во Бејрут, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го осуди нападот во Бејрут. Тој ја потврди поддршката на ОН за либанските институции, вклучувајќи ги вооружените сили и службите за безбедност.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
