Франција пресретна руски танкер од „флотата во сенка“ во Медитеранот

Француската морнарица запре и изврши инспекција на нафтен танкер во Средоземното Море, за кој се верува дека е дел од руската „флота во сенка“, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон преку објава на мрежата „Икс“ појасни дека бродот е под сомнеж дека плови под лажно знаме и дека е предмет на меѓународни санкции. Правосудните органи веќе покренаа истрага, а танкерот е пренасочен кон пристаниште.
Според францускиот претседател, операцијата е спроведена во консултација со сојузниците.
– Решени сме да го спроведеме меѓународното право и да ја обезбедиме ефикасноста на санкциите. Активностите на флотата во сенка придонесуваат за финансирање на агресорската војна против Украина, истакна Макрон.
Ова е втор ваков случај за неколку месеци, откако Франција во октомври заплени брод под сомнение дека и припаѓа на руската неформална флота. „Флотата во сенка“ е одговор на Москва на меѓународното ограничување на цената на руската нафта, при што Русија се обидува да го прикрие потеклото на енергенсите преку исклучување на сателитските транспондери или префрлање на нафтата меѓу танкери на отворено море.
МИА
Ново на Сител
-

18 годишник по расправија со нож тешко повредил сограѓанин во Тетово
-

Во тешка сообраќајна несреќа загина возач кај Демирхисарско
-

Приведен разбојник од Куманово, осуден на казна затвор од пет години
-

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
-

Претрес во Неготино, пронајдена дрога
-

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната
-

Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта
-

Пад на индустриското производство во јануари
