Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата

Полицијата ширум Франција уапси најмалку 1.800 лица откако насилни групи се судрија со полициските службеници и ограбуваа продавници за време на демонстрациите шро избувнаа во повеќе градови низ земјата. Стотици илјади луѓе се собраа за да протестираат поради зголемените трошоци за живот и лошите услови во училиштата.
Францускиот претседател Емануел Макрон попладнево ќе одржи итен состанок со високи државни претставници, по што во 20:00 часот ќе ѝ се обрати на нацијата, соопштија од неговиот кабинет.
Полицијата соопшти дека маскирани групи вчера подметнувале пожари и напаѓале јавни објекти – вклучително и згради на општинските власти во неколку градови.
Париската полиција денеска соопшти дека само во регионот на главниот град биле уапсени 855 лица.
Според официјалните податоци, на протестите низ Франција учествувале околу 550.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека бројката изнесувала околу 800.000. Повредени се повеќе од 500 полицајци, жандарми и пожарникари.
Едно лице починало од срцев удар, соопшти париската полиција, без да наведе дополнителни детали.
На плоштадот „Република“ во Париз, извадени коцки од калдрмата, скршени излози и парчиња стакло сведочат за последиците од немирите. За разбивање на демонстрантите полицијата употребила солзавец и водени топови.
Во текот на изминатите недели, стотици илјади ученици протестираа поради недостигот на наставници и лошата состојба на објектите во француските средни училишта.
Кон нив се приклучија членови на синдикатите и други групи – вклучително и движењето „Жолти елеци“, кое претходно протестираше против порастот на трошоците за живот.
Ново на Сител
-

Одредени групите за завршниот Мастерс во Торино
-

Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
-

Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија
-

Кристал Палас го отпушти менаџерот
-

Де ла Фуенте: Ниту Јамал, ниту некој друг играч има посебен третман во репрезентацијата
-

Некогаш една од најопасните земји во светот, денес Ел Салвадор побезбедна дестинација за патување од Шведска
-

Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
-

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“
