Свет
16. October 2022 - 11:12

Франција на своја територија ќе обучи околу 2.000 украински војници

Франција на нејзина територија ќе обучи околу 2.000 украински војници, изјави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни за францускиот весник „Ле Паризиен“ (Le Parisien).

-Украински војници ќе бидат распоредени во нашите единици во текот на неколку недели, рече Лекорни, додавајќи дека обуката ќе биде во три фази – општа борбена обука, специфична логистичка обука што ја бара Украина и обука за добиената воена опрема.

Лекорни додаде дека Франција постапува во согласност со законот, бидејќи земјата не е во војна.

-Помагаме на земја која е во војна по почетокот на руската инвазија, рече францускиот министер и додаде дека на Украина ќе и бидат доставени системи за воздушна одбрана „Кротал“ (Crotale), што неодамна ги најави францускиот претседател Емануел Макрон.