Франција ќе се жали до ФИФА за поништувањето на голот на Гризман
Француската фудбалска федерација ќе се жали до ФИФА поради поништување на голот на Антоан Гризман. „Триколорите“ вчера загубија од Тунис (0:1) во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година.
Антоан Гризман израмни во осмата минута од судиското надополнување. Главниот судија на средбата Метју Конгер од Нов Зеланд веќе свирна крај на натпреварот, но потоа отиде кај мониторите на ВАР да го прегледа моментот при голот на Гризман. По прегледување на видеото Конгер го откажа голот поради офсајд позиција.
Според протоколот ВАР, судијата немаше право да го користи правото на видео преглед по продолжувањето на играта.
– Ќе поднесеме жалба поради поништување на голот на Антоан Гризман. Според нас, по грешка е откажан, стои во реакцијата на Французите.
Жалбата мора да биде поднесена во рок од 24 часа по завршувањето на натпреварот.
Ново на Сител
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување