Франција 2017:Македонија одработе тренинг пред дуелот со Ангола

По триумфот над Тунис во пријатно расположение македонските ракометари попладнево тренираа во пресрет на вториот натпревар од групата што утре го играат против селекцијата на Ангола. Новиот ривал на Македонија во првото коло загуби со Словенија со 42:25. На денешниот тренинг поради повредата (рбетниот столб) добиена за време на вчерашниот дуел со Тунис го немаше Велко Маркоски, кој остана во хотелот, додека Дејан Манасков кој има оток на глуждот на ногата тренираше со намален интензитет.
- Треба да бидеме внимателни и да нема опуштање. Ангола е квалитетен тим и дуелот со Словенија не е нивната вистинска слика. Одиграа послабо од тоа што можат, а ние имавме можност да ги видиме од натпревари што ги играа на шампионатот на Африка. Ако ние ја одиграме нашата игра и бидеме максимално борбени не би требало да има проблем да ја постигнеме и втората победа на шампионатот, изјави Гоце Георгиевски.
Селекторот Лино Червар изјави дека ако има потреба ќе дојде до промена во составот, но очекува сите кои вчера беа на теренот повторно да бидат на располагање.
Натпреварот Македонија - Ангола е последен на програмата од 2.коло од групата Б што се игра во Мец. Почетокот е во 20:45 часот. Предтходно се играат натпреварите Исланд - Словенија и Тунис - Шпанија.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
