Франција 2017: Македонија на мегдан со „црвената фурија“ (почеток 20:45 ч.)
Посакуваната цел е остварена изборен е пласман во осминафиналето на СП, но поразот со Словенија ги покажа слабите страни во играта на македонската ракометна репрезентација.
Немаме алтернатива за игра без Миркуловски, како и за Кирил Лазаров. Нашите голмани се во барање на серија одбрани. Трајковски тоа го имаше со Тунис, но ниту тој ниту Колев немаа со Словенија серија интервенции. Можеби е време и Талески да добие шанса или предност пред Нелоски, барем на вечерашниот дуел со Шпанија.
Позитивен резултат може да донесе многу, а пораз нема да значи ништо страшно бидејќи утре со Исланд имаме директен дуел за трето место во групата што значи избегнување на Франција во осминафиналето.
„Црвената фурија“ покажа можеби најмногу во нашата група, а досега ги победи Исланд, Тунис и Ангола. „Вардарците“ Кањелас и Душебаев со соиграчите, го сакаат првото место во групата што значи избегнување на Франција во нок аут фазата до финалето.
Нивниот селектор Жорди Рибера очекува тежок дуел, особено што Македонија игра напад „7-6“. Кирил Лазаров со 31 гол е најдобар стрелец на шампионатот досега, а во противничкиот тим денеска ќе играат пет негови соиграчи од Барселона.
Селекторот Червар најави дека се можни промени во составот, но тоа не го стори. Затоа пак кај Шпанија дополнително е вметнат капитенот Раул Ентрериос, кој досега поради повреда не играше.
Ова за Македонија е 30.ти натпревар на Светските првенства, а против Шпанија ќе го играме петтиот дуел и имаме четири порази.
Натпреварот ќе го судат Литванците Гателис и Мазеика.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања