-->
-->
ФОТО: Расчистена дива депонија во населбата Лисиче
-->
Комуналните служби на општина Аеродром спроведоа голема акција за расчистување дива депонија во непосредна близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.
Општина Аеродром апелира до граѓаните својот отпад да не го фрлаат на места што не се предвидени за таа намена. Општинските комунални служби и службите на ЈП „Комунална хигиена“ постојано се на терен и работат на одржување на хигиената.
Исто така, и инспекциските служби се постојано на терен, а граѓаните можат да пријават диви депонии на дежурниот телефонски број 075/316-515.
Истовремено, општината ги информира граѓаните дека кон крајот на април ќе организира акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата ќе биде спроведена на целата територија на Општината, при што жителите ќе можат бесплатно да се ослободат од старите парчиња мебел и дотраени електрични апарати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица