Форум за локален економски развој во општина Илинден

Во Домот на културата во општина Илинден се одржа форум за локален економски развој на кој учествуваа 170 компании кои стопанисуваат во оваа општина.
На форумот се обрати градоначалникот Жика Стојановски, кој им се заблагодари на компаниите што дале свој придонес во развојот на општината и во подобрувањето на условите и квалитетот на живот во општината.
Стојановски го истакна придонесот на форумот во носењето на стратешките документи за локалниот економски развој на општината.
На форумот беа презентирани реализираните акциони чекори и активностите од Стратешкиот план за локален економски развој на општината, а биле разгледани и можностите за подобрување на условите за инвестирање. Претставниците од компаниите ги истакнаа поволните услови за водење бизнис поради кои го почнале или продолжиле својот бизнис во општината.
На присутните им се обратија и директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, како и претставници од Сојузот на стопански комори на Македонија, од ОБСЕ мисијата во Скопје и од УСАИД.
Форумот за локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година, а зацртаните чекори во овој Акционен план беа реализирани со 91 отсто успешност. Форумот, како што наведуваат од општината, дал придонес и во подготовката и рализацијата и на Стратешкиот план за локален економски развој на општината за периодот од 2012 до 2016 година.
Ново на Сител
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
