-->
-->
Формирана македонска секција на Светската асоцијација на театарските критичари
-->
За време на 15. Фестивал „Актерот на Европа“ формирана е македонска секција на Светската асоцијација на театарските критичари со седиште во Париз, во присуство на нејзиниот почесен претседател Жорж Бани.

Во Светската асоцијација на театарските критичари членуваат 112 земји со над 7000 членови. Во македонската секција веќе се приклучиле петнаесетина македонски критичари и театролози.
За претседател е избран Христо Петрески, професор на Универзитетот ЕСРА во Скопје, а за генерален секретар Трајче Кацаров, главен и одговорен уредник на списанието „Сум" од Штип.
На следниот светски конгрес кој ќе се одржи во Стокхолм, првпат ќе присуствува и македонска делегација и ќе биде претставена книгата „Македонска театарска критика".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ревизија открива: Нема доволно инспектори за надзор во градежништвото
-

Здравствени работници “трпат” насилство во болници и клиники и не пријавуваат
-

Претседателот на Уставен итно да поднесе оставка – албанските партии со жестоки реакции
-

По скоро две децении запуштеност, започна реконструкцијата на салата при УКИМ
-

Крива Паланка и Ќустендил иницираат збратимување и засилено партнерство
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
