Формиран е Градски eко совет – Зелен совет на Град Скопје
Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје.
-Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје, информираат од Град Скопје.
Според градоначалничката Данела Арсовска, Советот има за цел да помогне на скопјани со заеднички и насочени активности да се создадат подобри услови за живот во градот.
-Време е да се поставават основите за креирање системски решенија за проблемите на Скопје поврзани со екологијата. Преку овој Совет ќе се бориме и против урбанистичкиот хаос во градот, ќе се креираат конкретни политики и препораки кои со акциски план и конкретни временски рамки ќе се овозможи следење и контрола на исполнувањето на плановите во пракса, вели Арсовска во пишана изјава.
Како што се наведува во соопштението, градскиот еко совет ќе има цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина.
Од Град Скопје додаваат дека на Советот ќе се креираат идеи, предлози и политики за прашања и работи кои потекнуваат од самите членови на телото, другите организации и институции, како и од самите граѓани.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
