-->
-->
Форман сака меч со глумецот Сигал
-->

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Џорџ Формен, преку „Твитер“ го предизвика холивудскиот актер и експерт за борачки вештини, Стивен Сигал, во боксерски меч без правила во Лас Вегас.
Причините поради кои 68-годишниот Американец се реши за ваков предизвик засега се нејасни, но Формен посочи дека предизвикот е само за борачки вештини и дека не очекува Сигал да пристигне во рингот со своето омилено оружје – мечот.
„Стивен Сигал, те предизвикувам еден на еден, јас користам бокс, ти користи што сакаш. 10 рунди во Вегас“, напиша Формен, олимпискиот шампион од 1968 година.
Формен беше најстариот шампион во тешка категорија на 45 години, но нема боксувано по поразот од Шенон Бригс во далечната 1997 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
