Loading Video...
Свет
13. September 2023 - 16:31

Фон дер Лајен: Време е за проширување и внатрешни реформи на ЕУ

Време е да се комплетира ЕУ, проширувањето е стратешки и безбедносен  проект  со што европската заедница стане целосна со бројка од над 30 членки,  порача претседателката на Европската комисија, Фон Дер Лајен на годишниот отчет пред Европскиот Парламент. Таа потенцираше дека досегашните проширувања се доказ дека тоа е вистинскиот пат за силна Европа.

– Сметам дека и следното проширување мора да биде катализатор за напредок. Почнавме да градиме Здравствена унија на 27 земји и верувам дека можеме да ја завршиме на 30+. Почнавме да ја градиме Европската одбранбена унија на 27 земји и верувам дека можеме да ја завршиме на 30+. Докажавме дека можеме да бидеме геополитичка унија и покажавме дека можеме брзо да се движиме кога сме обединети.

И верувам дека Тимот Европа ќе работи и со 30+, рече Фон Дер Лајен.

Фон Дер Лајен посочи дека за успешно  проширувањето потребни се  внатрешни реформи во ЕУ, но овие процеси , според неа, ке одат паралелно.  Таа најави дека Договорот за ЕУ ќе се менува за да може во пракса да функционира со новите членки.  Во наредниот период тоа ќе биде задача на Брисел, посочи таа.  

Во исто време ги повика земјите членки да им помогнат на кандидатките во нивните реформи во владеењето на правото. Мерит системот останува темел за напредување на кандидатките.

- Ќе треба да размислиме како би функционирале нашите институции – како би изгледале Парламентот и Комисијата. Треба да разговараме за иднината на нашиот буџет – во однос на тоа што финансира, како го финансира и како се финансира. И ние треба да разбереме како да обезбедиме веродостојни безбедносни обврски во свет каде одвраќањето е важно повеќе од кога било.

Фон Дер Лајен , освен за проширувањето говореше и за безбеденоста на Унијата, климатските промени, дигиталната ера, односите со Кина и војната во Украина.