Фон дер Лајен во Софија ќе ја потврди поддршката на Европската комисија за бугарскиот план за обнова и развој
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Бугарија. За време на нејзината посета Урсула фон дер Лајен ќе ја потврди поддршката на ЕК за планот за закрепнување и одржливост на Бугарија.
Бугарскиот план за закрепнување и одржливост беше поднесен на 15 октомври 2021 година. Основните промени во енергетскиот сектор вклучуваат мерки за забрзување на изградбата на нови евтини обновливи извори и складирање на евтина енергија за употреба во најоптоварените часови, како и за намалување на емисиите од производство на електрична енергија. Ажурираниот план на Бугарија не содржи проекти за изградба на гасни централи, цевководи и обврски за затворање на електрани на јаглен во наредните години.
Во областа на правосудството, бугарската Влада има намера да ги засили антикорупциските реформи, реформите во државните претпријатија и перењето пари. Во транспортниот сектор, ажурираниот план го поставува железничкиот транспорт како јасен приоритет преку проекти за нови возови, дигитализација во секторот и рехабилитација на железничките линии.
Обновениот план за закрепнување и одржливост на Бугарија вклучува 57 инвестиции и 47 реформи во 12 различни области кои треба да се спроведат до 2026 година. Мерките во областа на образованието и социјалната сфера ќе поддржат реновирање и изградба на училишта, набавка на современа медицинска опрема, воспоставување систем за итна помош од воздух, како и зајакнување на мерките за социјална помош.
Според Планот за обнова и развој, Бугарија за проектите треба да добие 6,4 милијарди евра.
Ново на Сител
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
