Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен меѓу првите му честиташе на Петар Маѓар на изборната победа во Унгарија.
- Унгарија ја одбра Европа. А Европа секогаш ја одбиваше Унгарија. Земјата се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна. Европското срце денеска чука посилно во Унгарија, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи, на унгарски.
Европската Комисија нескриено навиваше против Владата на Виктор Орбан и за смена на власта во Унгарија, за што во изминатите недели беше прозвана и од американските власти.
ЕУ ускратуваше средства што и следуваат на Унгарија и ја казни земјата со милион евра дневно поради одбивањето да прими мигранти од другите членки на ЕУ, а за возврат Орбан го блокираше упатувањето финансиски средства на ЕУ за војната во Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
