Фон дер Лајен: ЕК е за соработка со Сунак за украинската криза и климатските промени
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека разговарала со новиот британски премиер Риши Сунак и дека е за соработка за прашања како што се руската агресија врз Украина и климатските промени.
„Унијата исто така работи на изнаоѓање заеднички решенија во рамки на Протоколот за Ирска и Северна Ирска кои ќе обезбедат стабилност и предвидливост“, објави Фон дер Лајен на Твитер.
Сунак и рекол на Фон дер Лајен дека претпочита да ја истражи можноста за постигнување решение преку преговори за прашањата поврзани со Протоколот за Северна Ирска, рече портпаролот на Даунинг стрит во посебна изјава.
„Премиерот и претседателката Фон дер Лајен со нетрпение очекуваат лична средба наскоро“, се додава во соопштението, но не се наведува кога би можело тоа да се случи.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
