-->
-->
Фоменко: Со победа над Македонија имаме огромни шанси за пласман на ЕП
-->

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина Михаил Фоменко за петочниот дуел во Скопје против Македонија вели дека е од големо значење и дека со евентуален триумф над „црвено-жолтите“ на неговите избраници би им донел најверојатно пласман на Европското првенство 2016.
- Би сакале да одиме на ЕП. Постои можност, па зошто да не ја искористиме? Ако ја победиме Македонија дополнително ќе си ги зголемиме шансите да одиме во Франција, затоа што ќе имаме максимален учинок и воедно ќе ја подобриме разликата во однос на другите селекции кои се борат за тоа трето место. Ќе одлучуваат нијанси, но не зависи се само од нас, изјави Фоменко.
Украина по осум одиграни рунди е на 3.место во групата Ц со 16 бодови и гол-разлика 12:3, што во пресрет на 9.коло ја прави најдобра трето пласирана селекција од десетте квалификациски групи.
Македонија со три бода е последна во групата.
Натпреварот Македонија – Украина се игра на 9 октомври во Скопје на „Филип Втори“ со почеток во 20 часот и 45 минути
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
