Македонија
18. September 2017 - 12:08

Фолклористи од Европа во посета на Музејот „Теракота“ во Виница

Членови на фолклорните ансамбли од Португалија, Укарина, Турција, Романија, Хрвтска, Црна Гора и Бугарија, учесници на годинешното 32-ро издание на мегународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ денеска го посетија Музејот „Теракота“ во Виница. Посетата се реализира и во рамките на одбележувањето на Европските денови на културното наследство.

- При посетата на Музејот „Теракота“ гостите од повеќе земји од Европа ги разгледаа витрините и изложените експонати пронајдени за време на децениските иструвања на археолошките локалитети во виничкиот крај, особено  на Виничкото Кале. Посебен интерес пројавија за уникатните винички теракотни икони кои по својата уметничка и археолошка вредност се познати во целиот свет,изјави Јулијана Иванова, директор на Музејот „Теракота“ од Виница.

Во рамките на Европските денови на културното наследство Музејот го посетија и ученици од виничките основни и средни училишта кои присуствуваа на предавањето на тема „Водоснабдувањето на Виничкото Кале во Античкиот период“,а се интерсираа и за последните наоди на  Калето.

Учесниците на МФФ  „Истибањско здравоживо“ го посетија и Виничкото Кале каде што се запознаа со остатаоците на археолошкиот локалитет на кој беа пронајдени и познатите тератотни икони.