-->
-->
Флоренс Артман во Шевенинген заедно со воените злосторници
-->

Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал, Флоренс Артман, која беше уапсена на 24 март пред овој суд, е во истата притворска единица каде што се наоѓаат голем број воени злосторници, кои таа ги критикуваше во текот на својата кариера, изјави нејзиниот адвокат Генел Метро.
Тој истакна дека Артман засега ќе остане во затворот во Шевенинген, каде се наоѓаат неколкумина „познати“ воени злосторници.
Артман пристигна во Хаг за да присуствува на изрекувањето пресуда на воениот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, но претходно беше уапсена.
Таа е приведена врз основа на пресудата на Трибуналот, бидејќи во својата книга „Мир и казна“ објавила тајни податоци од процесот на поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, кој почина во Хаг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
