Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција

При денешното положување заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек во Меџлисот, пратениците физички се пресметаа.
Инцидентот се случи кога пратениците од најголемата опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), која не се согласува со именувањето на Ѓурлек, ја зазедоа парламентарната говорница. Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се обидоа да ги отстранат опозиционерите при што настана тепачка.
По инцидентот пратениците од АКП ја опколија говорницата и новите министри положија заклетва.
ЦХП е против именувањето на Ѓурлек, кој досега ја извршуваше функцијата Главен обвинител на Истанбул. Лидерот на ЦХП, Озгур Озел новиот министер за правда го нарече „маша на Ердоган“ и оти тој ја презема функцијата за да си обезбеди имунитет од кривично гонење.
Претходно во текот на денот, се одржа официјална церемонија на предавање на должноста од претходните на актуелните министри. Чифтчи ја презеде функцијата од Али Јерликаја, а Ѓурлек го замени Јилмаз Тунч.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
