Фирмите ќе исплаќаат К-15, но сумата може да биде и пониска

Приватните компании и натаму ќе го исплаќаат регресот за годишен одмор на вработените, но со можност тој да биде утврден и на понизок износ од утврдениот на најмалку 40 проценти од просечната месечна нето плата по работник исплатена во последните три месеци.
Како што соопштуваат од ССМ, Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија по повеќе средби, вчера го потпишаа текстот на Спогодбата за именување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Социјалните партнери во Спогодбата се договорија правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните 3 месеци, која претставува основица за исплата, да остане и понатаму и тоа да го користат сите вработени во приватниот сектор.
- Ценејќи ја економската и финансиската состојба, постоењето на последиците од економската, финансиска и должничка криза и потешкотиите кај одделни работодавачи, а со цел да се обезбеди сигурноста на работните места и елиминирање на опасноста од нивно губење, партнерите како исклучок договорија дека правото на регрес за годишен одмор може да се утврди и во помал износ од утврдениот, но само доколку се постигне спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, но по претходна задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка или оддел. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците, наведуваат од ССМ.
Социјалните партнери се договорија да се продолжи и важноста на Колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството за уште 2 години.
Социјалните партнери, како што истакнуваат во соопштението, по скоро двомесечни преговарања ја покажаа и на овој начин вредноста на социјалниот дијалог, определбата да нема кратење на работничките права, но и грижата да не дојде до нарушување на нормалниот процес на производство и губење на работни места.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
